• A-
  • A
  • A+
сабота, 20 април 2024, 

Министерот Манчевски дел од „Европската недела за кодирање“

Министерот Манчевски дел од „Европската недела за кодирање“

Скопје, 16 октомври 2018 (МИА) - Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски денеска ќе се обрати на настан кој се одржува во рамки на „Европската недела за кодирање“ за кој се пријавени претставници на 130 училишта од Македонија.

Проектот кој го води Фондацијата „Метаморфозис“, а оваа година доби и поддршка од Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за образование и наука, е организиран во партнерство на Здружението за унапредување на образованието „Конеду Глобла“ и СУГС „Јосип Броз Тито“. 

„Европска недела на кодирање“ е поддржана од Европската Комисија и еврокомесарката за дигитална економија и општество Мариа Габриел. Оваа година во Европа пријавени се повеќе од 25.000 илјади училишта. бк/са/07:27

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ