Мета: Значаен чекор кој ја ослободува Македонија од повеќегодишниот интеграциски грч
- сабота, 20 октомври 2018 10:56
Тирана, 20 октомври 2018 (МИА) - Изгласувањето на одлуката од страна на македонскиот Парламент за пристапување кон измени на Уставот заради имплементација на Договорот од Преспа, го поздрави албанскиот претседател Илир Мета, оценувајќи го како значаен чекор кој ја ослободува Македонија од повеќегодишниот интеграциски грч.
- Гласањето во македонското Собрание за иницијативата за уставни промени претставува значаен чекор, надеж и верба дека процесот за членство на Македонија во НАТО и ЕУ е на вистинскиот пат, напиша Мета на својот фејсбук профил.
Тој упатува честитки до Владата на премиерот Зоран Заев за решавачките напори во овој правец и до сите пратеници на македонското Собрание за поддршка на процес, кој не само што ја ослободува Македонија од повеќегодишниот грч во нејзината интеграција туку влијае и во безбедноста, стабилноста и благосотојбата во регионот.
Претходно, јави дописничката на МИА, донесувањето на олдуката ја поздрави и албанскиот премиер Еди Рама.
- Среќен роденден Република Северна Македонија. Искрени честитки за премиерот Зоран Заев и за сите оние кои се бореа за овој историски момент. Денеска се отвори нова врата за иднината за нашите два народа во Република Северна Македонија. Почит., напиша Рама на Твитер на англиски и албански јазик. вт/цр/10:55
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...