МВР Билтен
- сабота, 20 октомври 2018 10:47
Скопје, 20 октомври 2018 (МИА) - На 20.10.2018 година околу 01,20 часот било пријавено дека на регионалниот пат село Горобинци-Свети Николе патничко моторно возило “Ауди“ со бугарски национални ознаки управувано од С.С.(19) од Свети Николе изгубилo контрола и удрилo во дрво.
Во незгодата на местото на настанот починал С.С., а со тешки телесни повреди се здобила 16- годишна сопатничка од Свети Николе која по укажаната лекарска помош во Клиничката болница во Штип била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот.
МВР денеска соопшти дека на 19.10.2018 година во 16,20 часот било пријавено дека во Прилеп на крстосницата од улицата „Егејска“ и улицата „Марксова“ се случила сообраќајна незгода помеѓу моторцикл „Априлија“ со прилепски регистерски таблици управуван од М.Ѓ.(18) од Прилеп и патничко моторно возило „Голф“ со прилепски регистерски таблици, управувано од А.Т.(25) од Прилеп. Во незгодата М.Ѓ. се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Градската болница во Прилеп бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.
Во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера во 13 часот од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено дека кај нив било донесено повредено лице од сообраќајна незгода, кое било патник во автобус на ЈСП-Скопје- Д.З. (62) од Скопје. Тој пријавил дека истиот ден околу 10,30 часот како патник се возел во автобус на ЈСП-Скопје со бр.7 во насока од населбата Лисиче кон населбата Карпош и кога автобусот дошол на автобуска постојка кај Градежен факултет на булеварот „Партизански Одреди“ запрел, а Д.З. додека се симнувал, возачот ги затворил вратите и Д.З. бил притиснат од врата, по што паднал на тротоарот. Се работи на целосно расчистување на случајот.
На 19.10.2018 година во 20,15 часот на автопатот Гостивар-Тетово во близина на Тумчевишка петља, стои во соопштението од МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Даеву ланос“ со тетовски регистерски таблици, управувано Г.И. (23) од с.Г.Седларце и патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од Д.З. (51) од с.Д.Бањица. По незгодата, возачот Г.И. бил пренесен во Медицинскиот центар во Тетово, па во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Возачот Д.З. и сопатникот од истото возило Р.Ш. (48) од Гостивар, се здобиле со повреди и биле пренесени во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расчистување на случајот.
На 19.10.2018 година околу 07,00 часот било пријавено дека во село Узем-Крива Паланка, од засега непознати причини избувнал пожар во куќа сопственост на Љ.С.(58). Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица. При увидот било пронајдено опожареното тело на сопственикот. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција. Се работи на целосно расчистување на случајот. цр/
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...