Вулин: Ќе разговарам денеска со КФОР во врска со формирањето на вооружените сили на Косово
- петок, 19 октомври 2018 10:54
Белград, 19 октомври 2018 (МИА) - Министерот за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека ќе разговара со претставниците на мисијата КФОР, во врска со усвојувањето на законот во косовскиот Парламент, со кој се дозволува формирање на косовската армија.
Вулин изјави за Радио Телевизија на Србија дека во во текот на ноќта се разменувале информации и дека српскиот претседател Александар Вучиќ по тој повод имал неколку разговори.
- Убеден сум дека претседателот ќе донесе најдобра можна одлука, изјави Вулин, запрашан дали Вучиќ ќе ги прифати советите за прогласување окупација.
Одговарајќи на прашањето, кој може сега да го запре формирањето на косовската армија, Вулин рече дека тоа е прашање за меѓународната заедница, која ја презела одговорноста за секоја ситуација во Косово, особено за почитување на мирот и безбедноста.ир/зш/10:54
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...