Српски медиуми: Од Вучиќ бараат прогласување окупација ако Косово добие војска
- петок, 19 октомври 2018 10:24
Белград, 19 октомври 2018 (МИА) - Доколку се формира војска на Косово, врз претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе биде извршен голем внатрешен притисок за властите во Белград да прогласат окупација на Косово, бидејќи според сите договори, само КФОР се тие кои можат да бидат на таа територија како воена формација. Таа информација, за српскиот весник „Новости“ ја наведува извор од врвот на власта, кој укажува дека таква опција подолго време заговараат и некои најблиски соработници на шефот на државата и одделни претставници на воениот врв. Тие сугестии, како што објавува весникот, се зголемиле по барањето на САД во ОН да се укине мандатот на мисијата УНМИК што може да биде вовед во прекин на важењето на Резолуцијата 1244.
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин вчера рече дека се додека Резолуцијата 1244 е во сила, во Косово не може да има никаква друга вооружена сила освен КФОР. ссм/10:24
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...