Јеребко го спаси шампионот на НБА од пораз
- сабота, 20 октомври 2018 11:14
Вашингтон, 20 октомври 2018 (МИА) - Тимот полн со супер ѕвезди и шампион на НБА, Голден Стејт Вориорс, доби неочекуван херој, кој им донесе успех над Јута Џез со звукот на сирената.
Двата последни поени за конечни 124:123 ги реализира Јонас Јеребко по дополнителен удар при неуспешен шут на Кевин Дурант. Токму најкорисниот играч од финалето на НБА во минатата сезона беше очигледен избор за решавачкиот шут, но по неговото промашување, Јеребко се избори за топката и успеа да ја внесе во обрачот, со што ги шокираше навивачите во Солт Лејк Сити.
„Воините“ мораа сериозно да се потрудат, откако противничката офанзива ги изненади во првото полувреме. На паузата домаќините водеа со 12 поени, но потоа на болен начин ја научија лекцијата дека ниту една предност против шампионите не може да те направи мирен.
Шестмина играчи на Јута реализираа двоцифрен број на поени, а лидер по овој показател беше Џо Инглс со 27. Во исто време Голден Стејт беше предводен од дуото Кевин Дурант и Стеф Кари, кои завршија соодветно со 38 и 31 поени.
Херојот Јеребко додаде 10 поени, вклучувајќи и неколку клучни тројки против неговиот поранешен тим.
Резултати од НБА:
Орландо - Шарлот 88: 120
Бруклин - Њујорк 107: 105
Мемфис - Атланта 131: 117
Минесота - Кливленд 131: 123
Њу Орлеанс - Сакраменто 149: 129
Торонто - Бостон 113: 101
Милвоки - Индијана 118: 101
Лос Анџелес Клиперс - Оклахома 108: 92
Јута - Голден Стејт 123: 124. вз/ссм/
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...