Барселона и Нејмар ги продолжуваат судските битки
- сабота, 20 октомври 2018 11:12
Барселона, 20 октомври 2018 (МИА) - Барселона и Нејмар продолжуваат со судските битки и во позадина на ова, евентуалното враќање на Бразилецот на „Камп Ноу“ се чини малку веројатно, тврди „АС“.
Поранешниот играч на каталонците претендира за исплата на бонус во висина од 28,6 милиони евра, кои требало да ги добие за потпишувањето на договорот со Барселона во јули 2016 година. Каталонците, сепак, бараат надомест од 75 милиони евра.
Во летото минатата година, Нејмар беше привлечен од Пари Сен Жермен, кој ја плати неговата клаузула за предвремено раскинување на договорот во износ од 222 милиони евра. Според информација на „АС“, Нејмар требало да добие 40 милиони евра од Барселона поради обновувањето на неговиот договор. Овој износ беше поделен на две транши. Првата од 14 милиони Нејмар ја добил , а вториот дел требаше да се плати една година подоцна непосредно пред да замине од Париз, но тоа не се случи.
Бразилецот, исто така, бара компензација за одложувањето во размер од 2,6 милиони евра. Барселона, сепак, поднесе против-барање за 75 милиони евра, кои вклучуваат и 9 милиони за раскинување на договорот. вз/ссм/
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...