• A-
  • A
  • A+
петок, 08 декември 2023, 

Реал Мадрид го освои шпанското дерби во третиот круг на Евролигата

Мадрид, 20 октомври 2018 (МИА) - Шампионот на Евролигата од минатата сезона, Реал Мадрид ја победи Баскија со 97:79 во шпанското дерби во третиот круг на турнирот. Домаќините стигнаа до убедлив успех по силната последна четвртина. Серхио Љул одигра силен меч за Реал и постигна 23 поени. Руди Фернандез додаде 14 поени. За Баскија, Марселињо Версас заврши со 14 поени.
 
Турски Фенербахче победи на гости кај Жалгирис со 82:75 и ја продолжи својата победничка турнеја. Костас Слаукас постигна 20 поени за „фенерите“, а Луиџи Датоме додаде 11. Нејт Волтерс беше најдобар стрелец за Литванците со 23 поени.
 
Химки доживеа пораз од Ефес со 84:85 на домашен терен и останува последен на табелата со три порази. Догуш Балбај го донесе успехот на гостите со тројка на две секунди пред сирената. Алексеј Швед постигна 25 поени, шест од нив тројки за домаќините. За Ефес, Родриго Бобуа постигна 26 поени.
 
Лидери во Евролигата со по три успеси се Реал Мадрид, Фенербахче и ЦСКА Москва.
 
Натпревари на Евролигата, трета рунда:
 
Химки (Русија) - Ефес (Турција) - 84:85 
Жалгирис (Литванија) - Фенербахче (Турција) - 75:82 
Олимпијакос (Грција) - Армани Милано (Италија) - 75:99 
Реал Мадрид (Шпанија) - Басконија (Шпанија) - 97:79. вз/ссм/

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ