• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

Паметен уред за луѓето со оштетен вид

Тел Авив, 19 октомври 2018 (МИА) - Израелски иноватори создадоа „паметен уред“ што може на лицата со оштетен вид да им овозможи поисполнет и поквалитетен живот. Направата се вика Ор-кам (OrCam), има големина на шише и се прикачува на рамката од очилата.

Концептот вклучува камера и микрофон, а програмата може да чита на 19 јазици и да го претвора напишаното во звук. Со направата, лицето може да распознава и ликови, предмети, производи, бар-кодови, бои, улици, да брои пари и да гледа на часовник.

Уредот од вчера може да се купи и во Бугарија. си/гт/11:43

###

 

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ