• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

Џиновска пајажина на брегот на езеро во северна Грција

Лос Анџелес, 19 октомври 2018 (МИА) - Веќе неколку дена брегот на езерото Вистонида во северна Грција, односно на оградата на водите долга 1.000 метри, е покриен од огромна пајажина, исплетена од илјадници мали пајаци.

Пајажината, според стручните лица е резултат на зголемениот број комарци и мушички, кои на повисоки температури се размножуваат со поголем интензитет. Тие се храна за пајаците.

Метеоролошките услови се идеални за размножувањето на пајаците и со такво изобилие од храна се зголемува нивниот број, објаснуваат биолозите. си/гт/09:15

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ