• A-
  • A
  • A+
понеделник, 04 март 2024, 

Хју Џекмен 22 години во среќен брак со неговата 13 години постара избраничка

Лос Анџелес, 18 октомври 2018 (МИА) - Холивудската ѕвезда Хју Џекмен (50) и неговата сопруга Дебора Ли Фернес се венчаа во 1996 година и веќе 22 години докажуваат дека се една од ретките „складни“ двојки во светот на познатите.

Синоќа тие се појавија на доделувањето на наградите „Златно срце“, насмеани и расположени покажувајќи дека љубовта им цвета како да се штотуку венчани, иако таа е 13 години повозрасна.

Во текот на годините, Дебора двапати беше бремена и двапати го изгуби бебето, па тие одлучија да ги посвојат Оскар и Ава. си/гт/13:48

###

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.



НЕМА ПОВРЗАНИ ВЕСТИ