Воведувањето глобална минимална стапка на данок ќе претставува добивка за сите
- петок, 19 октомври 2018 11:25
Берлин, 19 октомври 2018 (МИА) - Германскиот министер за финансии, Олаф Шолц, сака да се воведе глобална минимална даночна стапка на профит со цел да спречи компании да купуваат фирми или да основаат седишта во земјите со ниски даноци, пишува „Ханделсблат“, повикувајќи се на експерт за даноци од Организацијата за економска соработка и развој ( ОЕЦД).
Шолц побара од ОЕЦД да го разгледа тој предлог, нагласува германскиот весник.
Таквиот потег всушност би бил проширување на BEPS, збир од политики на ОЕЦД што се користат за спречување стратегии за даночни евазии кои им овозможуваат на мултинационалните компании да префрлат свои профити во земји со ниска или нула стапка на данок на профит.
Земјите ги усогласуваат своите даночни закони со Упатствата на ОЕЦД.
Шолц тесно соработуваше со Франција при пишувањето на својот предлогот, кој минатата ноќ беше објавен од весникот. Тој, исто така, рече дека предлогот е добро прифатен, но разговорите за тоа се во почетен стадиум. зш/11:25
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...