Во Русија годинава зголемен бројот на милијардери од 69 на 74
- петок, 19 октомври 2018 08:03
Москва, 19 октомври 2018 (МИА) - Во Русија во 2018 година бројот на милијардери е зголемен за пет од лани и сега има 74 според годишниот извештај на банката Креди Суис.
Во извештајот се нагласува дека постои нееднаква распределба на богатството во државата. „Силната концентрација на богатство во Русија се одразува на фактот дека има 74 возрасни милијардери и покрај ниското ниво на богатство по возрасна личност“, се додава во извештајот. Според нив, 10 отсто најбогати жители поседуваат 82 отсто од богатството во Русија. „Богатството на домаќинствата во Русија многу брзо се зголемило во првите години од векот. Меѓу 2000 и 2007 година богатството по возрасно лице е осумпати зголемено“, се вели во документот.
Тоa e високо ниво – поголемо и од САД (76 отсто) каде распределбата на богатство е една од најконцентрираните во развиените држави. Тоа ниво е поголемо и од она во Кина – 62 отсто, се вели во извештајот. ссм/зш/08:03
###
Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.
Фото сервис
Мозаик
Тикер
- 12:07 | test
- 14:40 | Пендаровски: Не очекуваме опструкции од новата грчка Влада
Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски по смената на власта во Грција, не о...
- 13:43 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 10:11 | Скопје и Софија заедно ќе ги слават Св. Кирил и Методиј и Цар Самуил, треба да се усогласат датумите
Отворен е патот за заедничко чествување од страна на Скопје и Софија на Св. Кирил и Методиј, Св. Кли...
- 12:23 | Ципрас - Коѕијас: Ден на радост по вчерашното гласање во соседната земја
Ден на радост е денешниот за новиот, но и за стариот министер за надворешни работи на Грција, поради...